Стандардната мејл апликација за iPhone и iPad би можела да биде подложна на скриени малвер напади, според наводите на една безбедносна компанија.

Компанијата ZecOps тврди дека ранливоста во Apple Mail апликацијата им овозможува на напаѓачите да го заразат уредот на корисникот без внес – не е потребно уфрлање на линк или фајл за преземање. Малверот е практично невозможно да се детектира од корисникот, според наводите на сигурносната компанија. Истражувачите во целост не објаснија како би можел да функционира нападот, но истакнаа дека би вклучувал испраќање на специјално дизајнирани пораки.

Ранливоста би можела да биде во оптек извесно време. ZecOps истакнува дека има докази дека напаѓачите ја користеле барем две години. Постоеле најмалку шест мети, вклучувајќи ги работниците на јапонскиот телеком, „голема фирма во САД“, технолошки компании во Израел и Саудиска Арабија, како и новинар од Европа.