Компанијата Philips претстави два нови монитора од својата Momentum гејминг серија. Премиум моделот од оваа серија е Philips Momentum 558M1RY, кој повеќе делува како замена за ТВ.
Philips Momentum 558M1RY има екран од 55 инчи, со 4K реозлуција, HDR1000 поддршка, 120Hz освежување, FreeSync поддршка, а тука е и Bowers & Wilkins саундбарот. Ambiglow осветлувањето се шири околу екранот, така што дополнителното амбиентално осветлување се гледа и околи ѕидот каде што ќе се постави мониторот. Philips Momentum нуди 2.5ms инпут латенција преку HDMI и 1.5ms преку DisplayPort, што значи дека лагот е значајно помал отколку кај поголем дел од телевизорите, дури и во гејминг модот.
Другиот дисплеј е стандарден монитор. Philips Momentum 278M1R моделот е оптимизиран за e-sports наслови, а пристигнува во покомпактен 27-инчен формат. Мониторот има 1ms G2G одзив и 130mm сталак со подесување на свртувањето и навалувањето. Тука се и 4K, HDR, FreeSync и 120Hz освежување, што прави одличен кандидат за PC или конзолите од следната генерација.
Philips Momentum 55-инчниот Console Gaming монитор се очекува до крајот на јуни по цена од 1299 евра, Philips Momentum 278M1R од 27 инчи пристигнува во јули, по цена од 449 евра.
Поврзани артикли