И покрај општото верување дека желките се на врвот на листата на најдолговечните жители на планетата, сепак не е така.

Просечниот животен век на луѓето во моментов е 67.5 за мажите и 73.3 за жените.

Џиновските желки кои што Дарвин ги откри на Галапагос се долговечни, но не се наоѓаат на врвот на листата.

Секако и тие живеат двојно повеќе од луѓето во просек, а најстарата желка живеела дури 250 години.

Сепак, во морето се наоѓаат суштества кои што можат да го надминат просечниот животен век на желките кој што изнесува 120 години.

Една од необичните ајкули ”грандландска” која што може да порасне до 6.5 метри може да живее повеќе од 227 години. Истражувачите откриле дека најстарата од нив имала 512 години.

Во морето живее и арктичкиот кит за кој се знае дека може да живее над 200 години.

Над 200 години живеат и некои видови школки(за некои се тврди дека доживуваат и до 400 години), потоа морски црви, полжави, но и некои видови морски ежови.

Интересни се и популарните јапонски риби кои што често ги красат аквариумите и вештачките езера. Тие исто така живеат и по 200 години.

Сепак, ниту едно од овие суштества не може да се споредува со turritopsis nutricula – позната како бесмртна медуза.

Имено, ова суштество е способно да сесамообновува.

Извор: Novosti.rs