Научниците од DARPA сакаат да направат чипови, кои ќе им овозможат на луѓето директно да го поврзат својот мозок со компјутер, а овој проект го финансираше американската војска со 65 милиони долари.

Научниците велат дека ваквиот систем на војската може да и даде “супермоќ”, но би користел и при лекување на лица со парализа, слепило или кај оние со нарушувања во говорот.

Имено, војската со овие финансиски средства одлучила да ги покрие трошоците на шест различни истражувања, чија цел е развој на систем кој може да се вгради на церебралниот кортекс или во него, а таквиот систем ќе овозможи целосна и прецизна комуникација помеѓу мозокот и дигиталниот свет.

Организациите кои се вклучени во овој проект ќе се фокусираат на различни области. Тимот од Универзитетот Браун ќе работи на местото каде ќе има многу сензори кои во реално време треба да сфатат како мозокот го обработува и декорира говорот.

Помеѓу овие шест проекти, четири се фокусирани на визуелна обработка на информациите, а останатите на обработка на звукот и говорот. Еден тим сака да направи врска помеѓу мозокот и вештачки ирис со висока резолуција, а друг на развојот на системот кој ќе овозможи надомест на вид или контрола над вештачки екстремитети.

Задачата која стои пред тимовите нема да биде лесна. DARPA сака да направи имплант кој може да ги бележи сигналите дури од милион неврони истовремено. Тој уред мора да биде способен за двонасочна комуникација, и не смее да биде поголем од две монети.

“Со зголемување на капацитетот на напреден невронски интерфејс кој ќе активира повеќе од милион неврони, NESD сака да овозможи богата двонасочна комуникација со мозокот на ниво кое ќе го продлабочи нашето сфаќање за биологијата, комплексноста и функцијата на мозокот” – вели Филип Алвелда од програмата NESD.