OnePlus се подготвува да влезе на пазарот на достапни телевизори со објава на претстојниот Smart TV уред во Индија. Компанијата потврди дека телевизорот ќе има цена од околу 265 долари. Пред објавата на 2. јули, Извршниот директор на OnePlus, Пит Лау објави уште некои детали за телевизорот.
Првиот човек на кинеската компанија истакна дека ТВ уредот ќе има иновативен акустичен систем, каде звучниците можат да се ротираат за 90 степени. Ова на OnePlus му овозможи да имплементира два големи звучника на телевизорот, што резултира со 50 проценти подлабок бас.
Покрај тоа, Лау истакна дека претстојниот OnePlus TV има 95% screen-to-body однос. Тенките рамки се чести во премиум сегментот на паметните телевизори, додека во буџетскиот сегмент се сметаат како карактеристика која се издвојува. Телевизорот ќе има и 93 проценти покриеност на DCI-P3 спектарот на бои за подобро искуство на гледање на содржините.
Телевизорот на задната страна ќе има маска од јаглеродни влакна. Лаус истакнува дека целта на компанијата OnePlus е да поставува стандарди за смарт ТВ уредите.
Поврзани артикли