Сервисот на Amazon за стриминг на видео содржини Prime Video отсега е можно да се користи и во облик на нативна апликација за Windows, која е достапна на Microsoft Store.

Така корисниците повеќе нема да мораат исклучиво да се потпираат на интернет прегледниците ако сакаат да погледнат нешто од понудата на Prime Video преку своите компјутери.

Десктоп апликацијата својот пример во однос на изгледот и структурата има во постоечката верзија на сервисот, како и во оние за мобилните уреди. Од левата страна на апликацијата е видливо мени кое содржи рубрики, како што се Преземање, Категории и Home.

Некои од функциите на десктоп апликацијата се офлајн можност за гледање на содржини, X-Ray информации за актерите, музиката и другите информации врзани за содржините кои моментно се стримаат.

Апликацијата е можно да се преземе преку следниот линк.