Ford одлучи да повлече неколку класични модели на патнички автомобили од Европа, вклучувајќи го и Mondeo. Сепак, постои нова генерација и веќе е претставена на некои пазари.

Кинезите први го видоа новото Mondeo на светската премиера која се одржа на почетокот на годината. Еден месец подоцна беше претставено шминкерското издание ST Line на семејната лимузина на Форд.

Многу богато опремено, Mondeo се нуди во комбинација со 2.0 EcoBoost турбо-бензинец од 238 КС. Звучи примамливо.

Ford не застана тука, па сега реши да врати звучно име од своето минато. Тоа е Taurus, кој всушност е само преименувано ново Mondeo.

Ќе се нуди исклучиво на пазарот на Блискиот Исток, каде Ford се подобро котира.

Во секој случај, ова е многу интересен автомобил кој многумина би сакале да го видат на нашите патишта, но, за жал, нема да има ништо од тоа.