AOC го прикажа новиот 4K IPS монитор на својот сајт. AOC U28P2U го карактеризира складен дизајн, покриеност за широк спектар на бои, што мониторот го прави примамлив за оние на кои им е потребна висока резолуција и прецизен приказ на бои.

Мониторот има 28-инчен IPS панел со 4К резолуција, 4ms G2G одзив, како и освежување од 60Hz. Аглите на гледање се од 178 степени, типично освежување од 300 нита и контраст од 1000:1. Покриеноста на бои вклучува 119% sRGB спектар, 97% DCI-P3 гамут и 107% NTSC спектар на бои.

AOC U28P2U поседува Flicker-Free технологија и Low-blue Light мод за намалување на замарање на очите во текот на интензиво користење. Тука се и поддршкит за PBP (picture-by-picture), PIP (picture-in-picture) и Clear Vision, како и HFR мод.

Опциите за конекции вклучуваат 2x HDMI 2.0, 1x DisplayPort, 4x USB Type-A 3.2 порт (еден со брзо полнење), 1x USB upstream и jedan 3.5mm приклучок. Цената и достапноста на мониторот се уште не се објавени.