Samsung би требало да ја врати ротирачката рамка на Galaxy Watch 3, откако Active моделите ја користеа капацитативната верзија. Тоа го потврдија и неодамнешните фотографии од сертификацискиот листинг, а сега имаме нови фотографии кои прикажуваат вклучен часовник.
Како што може да се види, корисничкиот интерфејс не е многу изменет и натаму во голема мерка се потпира на ротирачката рамка за скролање низ менијата, листата на неодамнешни апликации и други делови на интерфејсот. Часовникот би требало да го користи новиот Tizen 5.5 OS.
Galaxy Watch 3 ќе пристигне во две големини – од 41 и 45 мм (моделите SM-R840 и SM-R850). Часовниците ќе имаат екрани од 1,2 инчи и 1,4 инчи, а ќе поддржува IP68 и MIL-STD-810G стандарди. Ќе бидат достапни 1GB RAM и 8GB простор за складирање (не е познато кој чипсет ќе го користи). Ќе постои и LTE верзии на часовникот.
Се очекува дека Samsung ќе го претстави Galaxy Watch 3 заедно со Buds Live TWS слушалките во текот на следниот месец.
Поврзани артикли