Realme ќе го претстави својот најнов телефон на 7. јануари, а тоа ќе биде Realme V15, што го видовме порано под кодното име Realme Koi.

Фотографиите од телефонот се објавени онлајн, и може да се види и дека уредот има живописна задна страна, со претежно жолт градиент, розeви и виолетови нијанси.

Кога станува збор за спецификациите, фотографијата потврдува дека Realme V15 ќе има три камери на задната страна, поставени вертикално. Фотографиите го откриваат и предниот панел, со еден punch-hole отвор за селфи камерата. Екранот веројатно е OLED, со оглед на тоа што на телефонот не е видлив сензор за отпечатоци од прсти, што значи дека најверојатно е сместен под екранот.

Другите спецификации, со исклучок на главната камера од 64MP, не се официјално познати. Realme V15 се очекува да биде агресивно позициониран на пазарот кога станува збор за цената, бидејќи ќе биде дел од сегментот од средната класа.