Honor би требало во јули да ги претстави X10 Pro и X10 Max телефоните, за кои досега веќе дознавме некои детали. Меѓутоа, најновите информации ни пристигнуваат од официјални кругови – Извршниот риректор на брендот, Џорџ Жао на Weibo објави дека пристигнува производ со голем екран.

Најверојатно се работи за смартфон од Max линијата, која беше исклучително популарна во Кина со Honor 8X Max моделот, но изостана од Honor 9X серијата.

Џорџ Жао истакна дека Huawei се сретнал со бројни предизвици кога се во прашање планираните производи (вклучувајќи го и преминот од 4G на 5G), но посветеноста на уредите со голем екран останува на сила.

Се очекува дека Honor X10 Max би можел да има огромен 7.09-инчен дисплеј, а ќе го покренува Dimensity 800 чипсет. Изворите споменуваат и 48MP главна камера, со 26nn објектив и f/1.8 отвор на блендата. Цената би требало да изнесува околу 225 долари, што уредот ќе го направи еден од најевтините 5G телефони на пазарот.