Откако најави дека ќе предложи автомобили со Android и ќе работи со Nvidia по вештачка интелигенција за автомобили, Audi потпиша договор со уште еден партнер – Huawei. Кинеската компанија е трет по големина производител на паметни телефони и комуникациски технологии по Apple и Samsung. Со помош на Huawei, Audi ќе развие интелигентна технологија за автомобили, вклучувајќи за автономни системи и поврзани услуги, користејќи go новиот стандард LTE-V за автомобили.

Двете компании не споделуваат какви инвестиции се предвидени во врска со заедничката работа, но прецизираа дека договорот е само еден од чекорите за понапорно партнерство меѓу Кина и Германија.

“Навлегуваме во нова ера на интелигентни возила кои ќе дадат живот на нови технолошки интеракции помеѓу информатички и комуникациски технологии, како и автомобилската индустрија”, коментира вени Шон – претседател на одделот за LTE во Huawei.

Во 2017 година, Audi беше една од првите компании надвор од Кина за тестирање на LTE-V во своите автомобили.