Телеграм е популарна бесплатна апликација, која оние кои ја користат генерално ја сметаат за побезбедна од слични апликации бидејќи пораките што корисниците ги испраќаат и примаат се шифрирани. Иако компанијата во минатото се обврза да ги држи своите над 500 милиони активни корисници надвор од дофатот на владата секој месец, сега ситуацијата се чини дека е променета.

Според германските медиуми, Телеграм потклекнал под притисок на истражителите на Сојузната канцеларија на криминалистичката полиција на Германија и ги предавал бараните податоци во случаите кога корисниците биле осомничени за кривични дела тероризам и злоупотреба на деца. Компанијата, наводно, игнорирала некои барања поврзани со други видови криминал.

Извор, цитиран од XDA-developers, рече дека ова е прв пат Телеграм да и обезбеди на германската полиција информации за корисниците. Претходно, Телеграм беше цврст во своите ставови за приватноста и ги игнорираше барањата на властите, дури и ако тие беа поврзани со криминал.

Тимот за развој на Телеграм се селеше, избегнувајѓи ги прописите во различни земји. Дубаи е моменталниот дом на компанијата, но неговите сервери се лоцирани низ целиот свет. Поради тоа на властите им е многу тешко да дојдат до податоци од Telegram, но очигледно не е невозможно.

Сега се шпекулира како Федералната канцеларија на криминалистичката полиција на Германија успеала да дојде до бараните податоци, бидејќи од Телеграм нема официјална информација за овој настан.