Google работи на нова опција за претплата на апликации, која на корисниците значајно ќе им го олесни управувањето со претплатите. Според наводите, поголем број апликации тестира „Free Trial & Install“ копче во Play Store, заедно со стандардното Install копче на кое сме навикнати на страницата која ги покажува апликациите.
Наместо да се користи канал на претплата во рамките на апликацијата, корисниците сега можат да го користат претплатничкиот модел на апликацијата на Play Store и да го купат. Исто така, корисниците можат да купат претплата на апликација, дури и доколку апликацијата не е инсталирана на нивниот телефон.
Покрај тоа е што е лесен за користење од корисниците, овој модел на претплата им олеснува на програмерите да овозможат претплатување на апликациите директно од страницата на која е прикажана.
Апликациите кои ќе го користат овој метод на претплата, заснован на Android Billing Library Version 3, ќе прикажуваат информации како што се цената на претплатата, траењето на претплатата, сервисите кои се нудат, условите на бесплатниот пробен период и други детали.