Viber објави дека за сите четови воведува нова функција, која може да биде доста корисна. Станува збор за “пораки што исчезнуваат”.

Претходно достапна исклучиво во тајните четови, оваа функција наскоро ќе им овозможи на сите корисници да постават тајмер за текстуални пораки, фотографии, видео клипови или било кој друг фајл да исчезне по само неколку секунди, минути, часови или дури и денови.

За да се подеси порака што исчезнува, корисникот би требало да:

– Притисне на иконата во облик на часовник на дното на четот и да избере временски период после кој пораката би требало да биде избришена.

– Напише или подготви порака и испрати до примателот.

Автоматското одбројување до бришење на содржината започнува оној момент кога примателот ќе ја прегледа пораката. Исчезнатата порака во сите 1 на 1 четови на Viber ја зајакнува својата позиција како најбезбедни пораки за размена во светот, се вели во соопштението на оваа компанија.

Извор: B92.net