Посебните изданија на паметни телефони не се непознаница во светот на Samsung, кој во минатото нудеше Galaxy смартфони украсени со логото на Batman и Star Wars темите. Сепак, најновото специјално издание на Samsung е Galaxy S20 Plus, инспириран од корејската музичка група BTS.

Galaxy S20 Plus BTS Edition изгледа како останатите миленици на Samsung, но со единствена виолетова надворешност и логото на BTS на задната страна на уредот. Иконата на срце на BTS е сместена на задните камери.

BTS изданието на телефонот, исто така, вклучува BTS Android теми, заедно со однапред инсталирана копија на апликацијата Weverse. Тоа е платформа за социјални медиуми, која ја користат членовите на бендот BTS за комуникација со фановите.

Заедно со Galaxy S20 Plus BTS доаѓа и специјалното издание на Galaxy Buds Plus BTS слушалките во виолетова боја и со украсната икона на срце на BTS, на еден од ушните влезови.

Оние кои меѓу првите ќе го нарачаат ова издание на Galaxy S20 Plus или Galaxy Buds, ќе добијат и два постера од бендот BTS. Првите нарачки на мобилниот уред ќе вклучуваат и поуст од 50 проценти на слушалките.

Galaxy S20 Plus BTS ќе биде достапен за купување преку официјалната страница на Samsung и на Amazon од 9. јули.