Пред неколку недели, дојавувачот Ice Universe објави дека Samsung Galaxy S23 Ultra ќе биде речиси идентичен со сегашниот модел, додека големината ќе биде за дел од милиметар различна.

Сега дојавувачот објави повеќе детали, вклучувајќи ја големината на екранот, резолуцијата и димензиите на целата серија на телефони Galaxy S23.

Накратко, дијагоналата на дисплејот и резолуцијата на сите три модели остануваат исти, додека должината и ширината ќе бидат поголеми за неколку десетина милиметри. Нема информации за тежината, но се очекува да биде иста како и овогодинешната серија S.

Ice Universe не верува дека дисплеите на Galaxy S23 и S23+ ќе се вратат на QHD+ резолуција. Останува да видиме дали барем ќе се префрлат на LTPO панели.

Кога станува збор за дизајнот, се очекува нова камера од 200 MP, нов и поголем читач за отпечатоци, ист капацитет на батеријата од 5000 mah и повеќе.