По објавата на Xiaomi Mi 10 серијата во февруари, гласините сега сугерираат дека кинеската компанија подготвува уште помоќен модел на смартфон – Xiaomi Mi 10 Pro Plus.

Се појави маркетиншкиот материјал за Mi 10 Pro Plus, кој открива некои од главните карактеристики на телефонот. За разлика од актуелниот Mi 10 Pro телефон, Plus моделот ќе има зголемена стапка на освежување на екранот од 120Hz.

Уредот ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет, со поддршка за 5G конекција во standalone (SA) и non-standalone (NSA) модовите.

Кога се во прашање камерите, Mi 10 Pro Plus ќе го задржи 108MP сензор за главната камера. Меѓутоа, се очекува надградба на телефото сензорот, додека постерот открива дека телефонот ќе може да поддржува до 12x оптичко зумирање.

Покрај тоа, се споменува дека Mi 10 Pro Plus ќе поддржува до 65W брзо полнење. Иако се ова конкретни детали кои укажуваат на постоењето на Mi 10 Pro Plus моделот, споменатите модели, сепак, е потребно да се земат со резерва.