WhatsApp тврди дека го решил проблемот кој ги прикажуваше телефонските броеви на корисниците во резултатите на Google пребарувањето, пренесува TechCrunch. Промената доаѓа откако истражувачот на безбедност Атул Јајарам откри дека во пребарувањето се индексирани телефонските броеви на корисниците на WhatsApp, кои ја користеле фунцијата Click to Chat.

Јајарам тврди дека Google им пружа алатки на веб администраторите, кои им овозможуваат на пребарувачите како Google да стават до знаење дека би требало да го игнорираат индексирањето на одредени врски. WhatsApp не бараше од Google да го игнорира индексирањето на одредени врски кои содржат телефонски броеви, што доведе до изложување на одредени броеви на телефони, пишува Ubergizmo.

Според Јајарам, бидејќи врските немаат robot.txt фајл во серверскиот root, тие не можат да го спречат Google или другите ботови на пребарувачот да ги индексираат врските. Јајарам вели дека дури 300.000 телефонски броеви можеби се појавиле во резултатите на Google пребарувањето, а би можеле да се пронајдат со пребарувањето „site:wa.me.“.

Како што напомена TechCrunch, Јајарам не е прв кој го изнел овој проблем. WaBetaInfo тоа го истакна уште во февруари. Иако се чини дека проблемот е решен, се работи за прилично голем безбедносен пропуст и очигледно дека проблемот бил активен најмалку неколку месеци.