Кинескиот производител на pocket PC, One-Netbook го лансираше новиот модел OneMix 1S+. Тоа е Intel заснован Windows 10 компјутер, кој ги анулира разликите помеѓу таблет уредите, преклопните телефони и стандардни лаптоп компјутери. Во прашање е ултра-мобилен компјутер, кој овозможува на него да се извршуваат многубројни работи.
OneMix 1S+ има екран осетлив на допир со дијагонала од 7 инчи, со резолуција 1.920 x 1.200 пиксели и стандардна QWERTY тастатура. Го покренува Intel Core m3-8100Y процесор, заедно со 8 GB RAM, а за податоци е предвиден PCI-E SSD од 256 GB. Батеријата има капацитет од 6.500 mAh, а тежината на ова компјутерче е 518 грама. Што се однесува до конекторите, на располагање е 3,5 мм излез за слушалки, USB-C конектор за полнење, USB-3.0 порт за поврзување на дополнителни уреди, Micro HDMI за екстерен монитор и MicroSD слот за проширување на капацитетот на просторот за складирање.
Исто така, уредот има сензор за отпечатоци од прсти дополнително стајлус пенкалци. Според димензиите може да се спореди со Huawei Mate 20 X телефонот со дијагонала од 7,2 инчи. Од работите кои му недостасуваат би споменале 4G конекција, веб камера и тачпад.
Цената на овој pocket PC е 600 долари, и веќе се наоѓа во продажба.
Поврзани артикли