Во време на константни видеоповици, заборавањето на слушалките дома може да биде проблем, но Lenovo има решение за тоа.

Од Lenovo пристигна новиот лаптоп ThinkBook 15 Gen 2 со интегрирани Bluetooth безжични слушалки за чие складирање и полнење и смислено елегантно решение.

Слушалките по употребата се ставаат во слот кој се вовлекува во куќиштето на лаптопот, а додека се внатре се одвива процесот на полнење. Откако ќе се извадат слушалките автоматски се поврзуваат со лаптопот. Ова е корисно решение за луѓето кои забораваат да ги наполнат своите уреди или ги забораваат дома.

ThinkBook 15 Gen 2 може да се добие со Intel Core i7 процесор од 11 генерација или со AMD Ryzen 4000 процесор до 40 GB RАМ и 1 TB SSD или до 2 TB HDD меморија.

Лаптопот има 15,6-инчен екран, а достапен е и со верзија која е чувствителна на допир. Доаѓа со 45Wh батерија која се празни после 6 часа или 60 Wh батерија која трае 2 часа подолго.

Извор: Klix.ba