Првата соларна мисија се наоѓа на позиција најблиска до површината на Сонцето  – сондата Parker е оддалечена 18,7 милиони километри од ѕвездата која е центар на нашиот систем.

Сондата Parker на Американската вселенска агенција (НАСА) досега петпати помина покрај Сонцето, а во текот на седумгодишната мисија треба 24 пати да навлезе со сончевата атмосфера.

Со секој нареден круг околу Сонцето сондата сѐ повеќе продира во сончевата атмосфера, а на последниот круг во 2025 година треба да се доближи на 6 милиони километри до Сонцето.

Сондата Паркер е конструирана од научниците на НАСА и е испратена во Вселената пред две години со задача да навлезе длабоко во сончевата атмосфера.

Првата соларна мисија го носи името на научникот Јуџин Паркер.