Првата соларна мисија се наоѓа на позиција најблиска до површината на Сонцето – сондата Parker е оддалечена 18,7 милиони километри од ѕвездата која е центар на нашиот систем.
Сондата Parker на Американската вселенска агенција (НАСА) досега петпати помина покрај Сонцето, а во текот на седумгодишната мисија треба 24 пати да навлезе со сончевата атмосфера.
It’s #SunDay, and our #ParkerSolarProbe mission is making its fifth close pass by the Sun. This flyby matches the spacecraft’s previous record for closest human-made object to the Sun, and is part of the mission's longest-yet science observation campaign: https://t.co/Ypba7PrhBv pic.twitter.com/veQfbAMPNY
— NASA Sun & Space (@NASASun) June 7, 2020
Со секој нареден круг околу Сонцето сондата сѐ повеќе продира во сончевата атмосфера, а на последниот круг во 2025 година треба да се доближи на 6 милиони километри до Сонцето.
Сондата Паркер е конструирана од научниците на НАСА и е испратена во Вселената пред две години со задача да навлезе длабоко во сончевата атмосфера.
Првата соларна мисија го носи името на научникот Јуџин Паркер.