Обрнете посебно внимание на еден симптом!

Ковид-19 е болест на органите за дишење која што најчесто ги напаѓа белите дробови, а ја предизвикува SARS-CoV-2 вирусот. Досега ги научивме сите типични симптоми, а еден од нив е главоболката. Еве како „ковид главоболката“ да ја разликувате од онаа класичната која се јавува како последица на мигрена.

Според последните истражувања главоболката која што се поврзува со ковид-19 е карактеризирана со умерен, но моќен интензитет, а пациентите чувствуваат пулсирање или пак притисок кај слепоочниците, а главоболката се влошува кога ќе се обидете да станете, пренесува Healthline.

Истражувањето покажало и дека главоболката се појавува кај 11 до 34 отсто од пациентите кои што биле хоспитализирани како последица на Ковид-19. Овие проценки ги потврдиле и СЗО и Центарот за контрола и превенција на болести во чии истражувања пишува дека главоболката е чест симптом кај помладите од 65 години.

Како да се разликува од мигрената?

Суштинската разлика е во тоа што кај класичната мигрена се појавува чувствителност на звук и светло, што кај „ковид главоболката“ тоа не е случај.

Исто така „ковид главоболката“ вообичаено е проследена и со зголемена телесна температура, што со мигрената тоа не е случај.

Доколку имате главоболка, а стравувате дека можеби сте се заразиле со ковид-19, прво измерете си телесна температура и обидете се точно да ги детектирате останатите симптоми на вирусот.

Извор: Srbija Danas