Неколку различни извештаи уште претходно споменуваа дека Apple ќе ја одложи објавата на годинашната iPhone 12 линија за неколку недели, така што претставувањето нема да биде одржано вообичаено во текот на септември.

Според наводите на шефот на Broadcom, кој е еден од најголемите снабдувачи на Apple, објавата на новите iPhone 12 модели е одложена за четвртото тримесечје од 2020. година.

Извршниот директор на Broadcom, Хок Тан во текот на финансиски извештај на својата компанија дискутираше за големиот циклус на одложување на производите за големиот северноамерикански производител на смартфони. Овој производител е всушност Apple, а споменатите продукти се моделите од iPhone 12 серијата.

Шефот на Broadcom истакнува дека поради споменатото одложување нема да дојде до голем скок на заработувачката на компанијата во третиот квартал. Наместо тоа, компанијата се очекува дека ова ќе се премести во четвртиот квартал од оваа година.