Samsung Galaxy Note20 ќе има батерија со поголем капацитет од својот претходник, но брзините на полнење нема да бидат унапредени. Овој модел, како и Galaxy Z Flip 5G се сертификувани од 3C agencije, а прикажани се можностите на нивните полначи.

Батеријата на Note20 моделот ќе се полни на 25W (преку полначот од малопродажното пакување), а во прашање се истите брзини кои ги имаат Note20 и Note20+ (сертификуван нешто порано). Оваа година, разликата во капацитетот на батериите помеѓу стандардниот и Plus моделот ќе биде помала и ќе изнесува 4300mAh и 4500mAh за Note20 и Note20+.

Сертификатот не споменува ништо за 45W полнење, кое е поддржано за моделите Galaxy Note10+, Galaxy S20 Ultra 5G и S10 Lite. Сепак, сите овие модели се испорачуваа со 25W полнач, со можност за дополнително купување на побрзиот 45W полнач.

Samsung Galaxy Z Flip 5G (SM-F707, односно “Bloom-X”) ќе се држи до истиот 15W полнач како кај оригиналниот модел.

Се очекува дека Galaxy Note20 моделите и Flip 5G ќе го користат One UI 2.5 – втора генерација на One UI корисничкиот ионтерфејс. Останува да се види дали Samsung ќе претстави нови модели смартфони во текот на истиот настан, а се очекува и објава на два нови Galaxy Watch модели.