Министерството за одбрана на Руската Федерација започнува со тестирање ново оружје во борбата против моментално најголемиот проблем на човештвото. Вакцината против коронавирусот е создадена со помош на воените научници и ќе биде тестирана на 50 доброволци. Тестирањето ќе трае два месеци.

Тестирањата ќе се вршат во 48 Централен научноистражувачки институт на Министерството за одбрана, чии соработници зедоа учество во создавањето на вакцината.

Доброволци се 45 претставници на машкиот и пет претставнички на женскиот пол. Веќе на трети јуни започна подготовката на првата група за тестирањето. Според информациите на директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, станува збор за перспективна векторска вакцина на основа на ДНК аденовирус во кој се наоѓа генот на самиот коронавирус SARS-CoV-2 кој предизвикува КОВИД-19. Вакцината е создадена со помош на воени лекари.

Кон крајот на мај неколкумина соработници неофицијално ја тестираа вакцината на себе. Засега поминува мошне успешно, сите оние што ја примија вакцината изградија имунитет на КОВИД-19, при што не се забележани никакви несакани ефекти.