Interactive Advertising Bureau (IAB) Tech Lab повеќе нема да го брои Apple Watch кај своите статистички податоци врзани за слушаноста на одредени подкасти.

Имено, кога подкастот автомтаски ќе се преземе од корисник на Apple Watch, се брои како два слушатела, еден за тој Apple Watch, а вториот за спарениот iPhone. Конкренто, двата уреда ја преземаат истата епизода на подкастот и на крајот се вбројуваат како уреди на два целосно различни слушатели.

Вештачки зголемениот број на слушатели доаѓа од споменатата пракса на автоматско преземање на епизодите. Проблемот постои само на сопствената подкаст апликација на компанијата за Apple Watch (другите подкаст апликации за Apple Watch го немаат тој проблем).

IAB Tech Lab и соодветните членови се договорија дека од оваа година повеќе нема да го вбројуваат сообраќајот од Apple Watch како вкупен сообраќај, што се однесува до подкаст индустријата. Се истакнува дека доколку Apple преземе соодветни чекори, можно е дека Apple Watch во иднина ќе може да се врати во статистичките податоци.