Honor Play 4 серијата ќе биде претставена на 3. јуни, а веќе имавме прилика да ги видиме официјалните рендери на Play 4 Pro моделот, како и некои фотографии во живо. Сега се тука и официјалните рендери на стандардниот Honor Play 4, кои го покажуваат дизајнот на задната страна на уредот.
За разлика од Pro моделот, Honor Play 4 има четири задни камери, а системот на камери потсетува на она што го видовме на неодамна објавената Honor 30 серија паметни телефони.
Според TENAA листингот, на задната страна на уредот се очекуваат 64MP главна камера, 8MP ултраширок сензор, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Кога е во прашање селфи камерата, таа ќе има 16MP сензор, сместен во punch-hole отворот во екранот.
Honor Play 4 би требало да користи осмојадрен MediaTek Dimensity 800 чипсет, до 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Очекуваниот капацитет на батеријата е 4300mAh со поддршка за брзо полнење. Смартфонот ќе биде достапен барем во три различни бои: црна, бела и сина.