Samsung Galaxy Note20+ според последните информации ќе има 4500mAh батерија. Кога е во прашање помалиот Galaxy Note20 модел, информациите од април сугерираа батерија со капацитет 4000mAh.

Сепак, најновите гласини сугерираат дека Samsung успеал да додаде малку повеќе капацитет во батеријата на стандардниот Note20 модел. Кинеската 3C сертификациската база сугерира дека телефонот ќе има капацитет на батеријаѕа од 4300mAh.

Тоа е нешто подобро од она што се претпоставуваше претходно. Ова исто така значи дека батеријата на помалиот Note20 модел нема да биде многу помала од батеријата на Note20+ верзијата, што има смисла со оглед на тоа дека двата телефона ќе имаат големин екрани од 6,7 и 6,9 инчи.

Galaxy Note20 линијата се очекува во август, со 120Hz Super AMOLED Infinity-O екрани, S Pen паметно оловце, 16GB RAM и Exynos 992 / Snapdragon 865 чипсет во зависност од пазарот.