WhatsApp претставува неколку нови функции во текот на следните неколку недели. За да олесни додавање на нови контакти, WhatsApp воведува нова можност на QR кодовите.

Наскоро ќе можете да скенирате QR код на друг корисник за да го додадете во своите конталти, и повеќе нема да морате рачно да го внесуваат телефонскиот број. WhatsApp ја тестираше оваа функција пред неколку месеци.

Во видео повиците, кои сега поддржуваат до осум луѓе, WhatsApp ќе ви овозможи да притиснете и задржите за да го зголемите видеото од учесниците на цел екран. Во групните четови исто така постои икона за видео записи, така што лесно можете да покренете групен видео повик со еден допир. Меѓутоа, иконата ќе се појави само во четовите со осум или помалку учесници.

WhatsApp додава нови пакети анимирани стикери. WhatsApp за веб и десктоп ќе го добие темниот режим, а корисниците на KaiOS можат да ги делаѕ ажурирањата на статусите кои исчезнуваат по 24 часа. WhatsApp вели дека неговиот главен фокус и натаму е пружање на доверлива, приватна комуникација за две милијарди корисници ширум светот.