По објавата на X30 серијата минатата година, кинеската компанија Vivo сега се подготвува за претставување на новата X50 серија, закажана за 1. јуни. Пред објавата, се појавијја информации за достапноста на овие телефони.
За разлика од Vivo X30 серијата, која беше достапна само за пазарот на Кина, се очекува дека претстојната Vivo X50 и Vivo X50 Pro модели. За стандардниот X50 модел нема премногу информации, но неодамна се појавија некои карактеристики на Pro верзијата.
Се очекува дека Vivo X50 Pro ќе има осмојадрен Snapdragon 765G чипсет. Системот на камери ќе го сочинуваат 48MP Sony IMX598 главен сензор, заедно со Samsung S5K3L6 портрет сензорот, 8MP Hynix Hi846 и 13MP OmniVision OV08A10 сензор. Од предната страна се очекува 32MP селфи камера, а целиот ќе го напојува 4315mAh батерија.