Претходно беше објавено дека Sony следната недела ќе ја одржи својата прва дигитална презентација на PlayStation 5 игрите. Сега е потврдено дека презентацијата ќе биде одржана на 4. јуни, во 22 часот во наше време.

Sony својата презентација ќе ја пренесува преку Twitch и YouTube платформите. Не е познато кои игри конкретно ќе бидат прикажани, но се очекува дека ќе дознаеме кои PlayStation 5 ексклузиви би можеле да ги добиеме.

Игрите кои ќе бидат претставени ќе се појават во текот на празничната сезона оваа година. Sony истакна дека ова е само еден во сериите апдејти за PlayStation 5, кои се очекуваат во следниот период.