Според наводите, GoPro кај Hero 10 Black акциската камера ќе се фокусира на основите, а сајтот WinFuture сугерира дека претстојната камера ќе има подобрен квалитет на сликата. WinFuture објави и фотографии од GoPro Hero 10 Black камерата.

Камерата ќе има GP2 процесор, кој ќе овозможи 5.3K видео во до 60 фрајма во секунда. GoPro наводно ќе се префрли на 23MP сензор (наспроти 20MP од Hero 9 моделот), кој овозможува и фотографии со повисока резолуција. Се очекува и подобрена стабилизација на видеата, преку HyperSmooth 4.0.

Нема инфотмации за тоа кога GoPro ќе го претстави Hero 10 Black, иако компанијата во септември минатата година го претстави Hero 9 моделот.