Британски експерт истакнува дека вирусот Ковид-19 сè уште не е целосно истражен и дека ‘привремената’ вакцина би можела да нанесе одредени штети во човечкиот организам.

Главниот научен советник на британската влада, сер Патрик Валанс, вели дека светот не треба премногу да се ‘потпира’ на вакцината во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Тестирањето на потенцијалните вакцини за Ковид-19 на луѓето, треба да почнат кон крајот на оваа седмица, а Валанс смета дека сè уште е рано за прослава на победа над пандемијата.

Како што вели тој, сè уште не постојат одредени докази дека вакцината би можела да нè заштити од коронавирусот, како и дека потребно е да помине доволно време пред да се утврди нејзината безбедност за употреба кај луѓето.

Ова е особено важно затоа што во иднина дадени се предлози прво да бидат тестирани луѓето кои што се изложени на поголем ризик од заразата, а тоа се здравствените работници.

Валанс изразил загриженост дека вакцината би можела да го ‘промени имуниот ситем на луѓето и да биде уште поопасна по здравјето на одредени поединци’.

„Вакцината мора да биде ефикасна, но и безбедна по здравјето на луѓето“ – изјавил тој.

„Доколку ја дадеме на милиони луѓе, меѓу кои се и оние кои што имаат помал ризик на заболување од Ковид-19, таа мора да биде 100 отсто проверена и безбедна. Мора многу повеќе да знаеме за одговорот на нашиот имун систем на Ковид-19“ – заклучил Валанс.