Производителот на електрични автомобили Tesla се справи со проблемите со синџирот на снабдување и глобалниот недостиг на чипови за да забележи рекордна квартална продажба и профит, објави BBC.

Приходите се зголемија на 13,76 милијарди долари во третиот квартал наспроти 8,77 милијарди долари една година претходно.

Компанијата, раководена од милијардерот Илон Маск, објави нето добивка од 1,6 милијарди долари и продаде 241.391 автомобил.

„Го постигнавме нашиот најдобар нето приход, оперативен профит и бруто добивка“, соопшти Tesla.

Компанијата соопшти дека Кина останува главен извозен центар и планира да пласира различни типови батерии во своите стандардни возила низ светот.