Постојат тврдења дека коронавирусот стекнал мутации кои што водат до повеќе преносливи слоеви на болеста.

Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика при Универзитетот во Лондон, на социјалната мрежа Твитер објавил интересна анализа.

„Постојат тврдења дека Ковид-19 стекнал мутации кои што водат до повеќе преносливи слоеви. Официјално тестиравме дали тоа е навистина така, користејќи 15.000 примероци од SARSCoV2 геномите од цел свет, а одговорот е НЕ, воопшто не“ – напишал Балу, па објаснил:

„Ги анализиравме мутациите во геномите на SARSCoV-2, кои што се веродостојни кандидати за адаптација на неговиот нов, хуман домаќин со нов пристап подреден на релативниот број наследници на сите сестрински родови, со и без специфична мутација.

Секоја мутација која што се повторува до денес, значајно е поврзана со зголемената преносливост на SARSCoV-2. Наместо тоа, сите мутации се неутрални или пак штетни за пренесување на вирусот, некои од нив значително“ – напишал Балу, па потенцирал:

„Интересно е тоа што поголемиот дел од повторливите мутации кои што се појавуваат до денес кај SARSCoV-2 не се последица на грешки кои што вирусот ги направил во текот на неговата репликација. Наместо тоа, тие се предизвикани со мешање на уредувањето на RNA, која што е дел од напиот имунолошки систем“ – заклучил тој.