Nord линијата на компанијата OnePlus стана позната пред неколку години кога во јавноста беше претставен новиот телефон OnePlus Nord, кој беше прв претставник на мобилните уреди од средната класа на оваа компанија, а сега се чини дека OnePlus е подготвен да влезе на средниот пазар со неговиот нов додаток – OnePlus паметниот часовник.

Во текот на следните неколку месеци, компанијата се подготвува да и претстави на јавноста серија мобилни уреди, како што се флегшип моделите OnePlus 10 Pro, OnePlus Nord 2T, OnePlus Nord CE2, а најверојатно наскоро ќе го видиме и OnePlus Nord 3.

Сепак, се чини дека кинеската компанија е подготвена да ја прошири Nord линијата на паметни уреди и да и претстави на јавноста поевтин паметен часовник. Пред само неколку дена се појавија безжичните слушалки OnePlus Nort TWS, а како што наведува 91mobiles сега не очекува паметниот часовник OnePlus Nord.

Според информациите на „Yogesh Brar“, овој паметен часовник треба да и биде претставен на јавноста заедно со мобилниот телефон OnePlus Nord 3 во втората половина на оваа година.

Овој паметен часовник би требало да донесе функции како што се сензор за пулсен оксиметар, сензор за отчукувањата на срцето, можности за следење на квалитетот на спиењето, педометар (бројач на чекори), можност за прикажување известувања од смартфон и контроли за репродукција на аудио и видео содржини на мобилниот уред.