Откако LG го напушти пазарот на смартфони, купувачите не добија прилика да ги купат Velvet 2 Pro и LG Rollable, но се појавија информации дека им ги продава на своите вработени во Јужна Кореја.

Вработените на LG имаат ексклузивна прилика да ги купат споменатите уреди, детали за количината и цената за LG Rollable нема, но познато е дека компанијата им нуди на вработените околу 3000 уреди по цена од 170 долари. Еден вработен може да купи максимално два уреда, а препродажбата е строго забранета. Сите добиваат шестмесечна гаранција, а софтеврски надградби разбирливо нема да има.

Velvet 2 Pro е достапен во три бои, а со дизајнот е сличен на првата генерација Velvet со три задни камери. Копчињата за контрола на јачина на звукот се осетливи на притисок.