По повод 60-годишнината од првото успешно искачување на Монт Еверест, поставена е 5G мрежа која што ќе овозможи следење во живо на идните експедиции на 6.500 метри надморска висина.
Huawei и China Mobile поставиле 5G мрежа на Монт Еверест на 6.500 метри надморска височона. Во поставувањето на мрежата учествувале 100 работници и користено било осум тони опрема, а покриеноста на сигналот овозможена е и на самиот врв, каде што брзината на интернетот е 1GB/s.
„Условите во кои што ја подготвувавме и поставувавме базната станица за 5G мрежа, беа многу тешки. Се надеваме дека на овој начин Монт Еверест ќе го доближиме до многу научници, истражувачи и вљубеници во природата, а Huawei уште еднаш докажа дека цврсто верува во технологијата која што може овој свет да го направи подобро место“ – изјавил Ванг Бо, директор на одделот за достава и услуги во Huawei.
Отсега сите кои што ќе се искачуваат на Монт Еверест од кинеска страна ќе можат да емитираат видео, со што тоа ќе биде неверојатно искуство и дополнително ќе биде поблиско за луѓето од целиот свет.
Исто така, веста за новите освојувања на врвот повеќе нема да мора да се чека со недели, денови или пак часови, туку ќе може да се следи во живо во висока резолуција.
Извор: Zimo.hr