Научници развија сонда со големина на пенкало која е способнa во само 10 секунди да открие канцерогени клетки во ткивото и да им овозможи на хирурзите во реално време да утврдат дали се работи за тумор.

Остатоците од канцерогените ткива кои заостануваат во телото после хируршката интервенција носат опасност повторно да се појави болеста. За сега на голем дел од лабораториите им се потребни неколку дена за да утврдат дали останале канцерогени клетки после операцијата.

Инструментот наречен MasSpec Pen овозможува извлекување на молекула вода од ткивото која понатаму се насочува кон спектрометар кој ги калкулира различните молекуларни маси во примерокот и утврдува присутност на канцерогени клетки. После анализата на 253 примерока од здрави и канцерогени човечки ткива земени од бели дробови, јајници, жлезди и дојки, научниците успеале да утврдат молекуларен профил кој овозможува идентификација на присуство на рак со точност од 96%.

Извор: 24sata.hr