Новиот патент на компанијата Samsung укажува не неколку карактеристики на претстојниот Galaxy Fold 2 флексибилниот телефон. Сајтот LetsGoDigital креираше рендери засновани на скици, а информациите од патентот, а фотографиите покажуваат нов екстерен дисплеј за уредот.
Во прашање е долг дисплеј, чија намена ќе биде прикажување на известувања. Покрај тоа, патентот укажува на тоа дека Galaxy Fold 2 би можел да користи IP сертификација. Описот од патентот гласи „електронски уред со водоотпорна структура“.
Иако претходните гласини сугерираа дека следниот Fold телефон ќе има поголем екстерен дисплеј, новиот патнет покажува дека тој екран ќе биде помал и подолг. Можеби Samsung разгледува објава на два Galaxy Fold модела – Galaxy Fold 2 со поголем екстерен екран и Galaxy Fold 2 Lite со помал екран. Исто така, претходно се споменуваше и Galaxy Note Fold, кој би бил компатибилен со S Pen паметното пенкалце.
Се очекува дека Samsung ќе претстави нов Galaxy Fold уред подоцна во текот на годината, а уредот би можел да дебитира во текот на Samsung Galaxy Note20 Unpacked настанот.