Неодамна се појавија можни спецификации за претстојниот Microsoft Surface Duo, а најновите гласини сега ни пружаат повеќе информации за функциите на паметното пенкалце, кое ќе се користи со телефонот. Според наводите, уредот ќе имплементира напредна стајлус интеграција и функции кои ќе го подобрат корисничкото искуство до ниво какво што нудат другите Surface уреди.

Microsoft Surface Duo би можел да има некои интересни функции на внес со допир. Наводно, Android влезот е програмиран така што може да овозможи истовремено внесување преку прстите на корисникот и паметното пенкалце. Функцијата би требало без проблеми да работи на двата екрана. Surface Pen веќе препознава различни нивоа на притисок, така што Microsoft пробува функцијата да ја овозможи и за Android платформата.

Останатите функции би вклучувале повлекување на фајлови од еден екран на друг, двојниот притисок би креирал скриншот или би ја покренал апликацијата. Surface Duo ќе биде објавен со Android 10 подоцна во текот на годината, но брзо би требало да добие надградба на Android 11.