Иако е веќе најавено дека со новата надградба на Windows 10 во целост ќе се добие и поддршка за Linux кернел, сега се оди и чекор понатаму. Од Microsoft ветуваат дека Linux GUI апликациите ќе работат нормално на Windows 10 оперативниот систем.

Драматично приближување до Windows Linux системите навистина никој не очекуваше. Меѓутоа, убавите работи сепак можат да се случат. Со хардверското забрзување на GPU, како и поддршката за Linux кернел, Microsoft ни донесува и целосна поддршка за Linux GUI апликациите, кои ќе се покренуваат вообичаено како и оние за Windows.

Ова ќе биде овозможено без Windows корисниците да мораат да користат X11 проследување и ќе биде наменето за програмерите да покренуваат Linux интегрирани развојни опкружувања (IDE) заедно со вообичаените Windows апликации. Лошите графички перформанси досега беа проблем, меѓутоа сето тоа ќе се промени со нова поддршка. Windows 10 наскоро ќе се добие дополнителна поддршка за забрзување на GPU хардверот со помош на Linux алатката.

Повеќе информации за овој потег Microsoft ќе објави подоцна во текот на годината. Сите овие најнови Linux подобрувања очигледно се насочемни на програмерите кои сакаат да го користат нивниот оперативен систем за развој. Делува дека Microsoft конечно оди во вистински правец и дека ќе направи систем кој е сериозен за секој програмер и за сите кои се занимаваат со IT.