Компанијата Apple одлучи да ги отвори своите продавници во Европа, а тоа најпрвин ќе се случи утре во Виена. Поради пандемијата, компанијата мораше да ги затвори сите свои продажни салони, кои во меѓувреме ги продолжија операциите во Азија, поточно во Кина и Јужна Кореја. Дотогаш Apple се потпираше на продажбите преку Интернет.

Поради сериозно пропаднатата економија и зголемената невработеност, австриските власти се доста напред во однос на олабавувањето на мерките и рестартирање на економијата, така што Виена е логична точка за Apple. Компанијата вели дека „едвај чекаат да се дружат со своите клиенти во центарот на Виена, почнувајќи од 5. мај“.

Продавницата на Apple утре ќе биде отворена во пешачката зона на Кертнерштрасе од 11 до 18 часот. Пред влезот ќе има персонал, кој ќе бара од клиентите да носат маски кога ќе влезат во продавницата, а нивната температура ќе биде измерена. Ќе мораат да се запазат мерките за социјално рестојание, а бројот на луѓе во продавницата ќе биде ограничен. Со оглед на околностите, секој што сака да купи производ на Apple ќе мора да почека малку подолго.