Huawei официјално го претстави Enjoy Z 5G телефонот, кој е наменет за средниот сегмент на пазарот и пристигнува по достапна цена.

Enjoy Z 5G има 6.57-инчен FHD+ LCD панел, со 90Hz освежување на екранот и 20:9 однос на страници. Во врвот на екранот се наоѓа засек со 16MP селфи камера. Читачот на отпечатоци од прсти е сместен од десната страна на рамките.

На задната страна на уредот се наоѓаат три камери, со 48MP главен сензор, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор, кој може да креира фотографии на близина од 4 см од субјектот.

Телефонот го покренува MediaTek Dimensity 800 чипсетот, со 6GB/8GB RAM и 64GB/128GB простор за складирање (проширлив преку NM картички на Huawei). За софтверска поддршка е задолжен EMIUI 10.1, заснован на Android 10. Сето ова го напојува 4000mAh батерија со поддршка за 22.5W брзо полнење.

Huawei Enjoy Z 5G пристигнува во црна, сина и розе боја, а достапен е во претпродажба во Кина. Цената за пазарот во Кина изнесува околу 238 долари за 6GB/64GB модел и околу 266 долари за 6GB/128GB варијанта и околу 308 долари за 8GB/128GB верзија.