Според д-р Несторовиќ, австралиска студија веќе докажала дека вирусот е прилагоден на луѓето

„Високоинфективниот вирус SARS-CoV-2 е прилагоден да ги инфицира човечките клетки, наместо клетките на лилјаците“ – се наведува во новото австралиско истражување на кое особено внимание насочил д-р Несторовиќ.

„Пред два дена Австралијците известија дека вирусот е од вештачко потекло. Група научници на чело со професорот Петровски, истражуваше како вирусот се поврзува со разни видови клетки. Најдобро се поврзува со човечките клетки. Многу помалку со другите. Значи, зад нас останува тврдењето дека преминал од животните на човекот. Целосно е јасно дека е вештачки, но останува прашањето кој го направил“ – вели д-р Несторовиќ.

Во потрагата по вакцината или лек против Ковид-19, австралиските научници користеле компјутерско моделирање на високи перформанси за да ја проучат способноста на вирусот да преминува на 12 различни егзотични и домашни животни, со надеж дека ќе го разоткријат изворот на вирусот.

Истражувањето на Универзитетот „Флиндер“, ја споредила способноста на вирусот да се поврзува за човечките клетки и открила дека SARS-Cov-2 посилно ја погодува човечката клетка од било која друга на тестираните животни.

„Резултатите јасно покажуваат дека Ковид-19 е прилагоден да ги зарази луѓето“ – истакнува проф. д-р Бранимир Несторовиќ.

„Способноста вирусот да може да се поврзе со протеините на човечките клетки е многу поголема од способноста да се поврзе со истиот тој протеин за лилјаците, што значи дека тие не можат да бидат директен извор на човечки вирус“ – истакнал тој.

Меѓутоа, компјутерското моделирање прикажува и дека вирусот е силно поврзан и за ќелиите на панголини, егзотичното животно кое што илегално се увезува во Кина.

„Како и каде овој вирус е прилагоден да стане толку ефикасен човечки патоген, останува мистерија“ – заклучиле научниците и додале дека пронаоѓањето на потеклото на болеста ќе помогне во напорите луѓето во иднина да се заштитат од пандемијата коронавирус.