Asus ROG Phone е гејмерски паметен телефон од новата генерација дизајниран да се натпреварува со Razer Phone. Уредот нуди импресивен хардвер и голем 6-инчен екран што го прави идеален избор за гејмерски ентузијасти. Компанијата има силни позиции меѓу гејмерите со aтрактивните производи од популарниот бренд ROG и планираат да го прошират неговото присуство и во смартфон пазарот. Продажбите на Asus ROG телефонот ќе започнат за неколку недели.

Досега немавме детали за цената на паметниот телефон. Новите податоци од финскиот трговски синџир Telia откриваат дека Asus ROG Phone ќе чини 999 евра во Европа. Можеме да очекуваме сумата да биде слична и во останатиот дел од континентот. Паметниот телефон е опремен со 6-инчен AMOLED 90Hz дисплеј кој поддржува Full HD + резолуција и има две задни камери. Брзината е осигурана од Qualcomm Snapdragon 845 процесор и 8GB RAM, пренесоа SlashGear.