Автомобилот кој со сигурност ќе го привлече вниманието на бројни колекционери е Aston Martin DB5, кој го возеше легендарниот Пирс Броснан, како најпознатиот агент Џејмс Бонд.

Оние кои можат да си го дозволат сега и ќе имаат прилика за тоа, бидејќи автомобилот наскоро ќе се продава за два милиони долари.

Продажбата на Aston Martin DB5 ќе се одржи на 13 јули на британскиот фестивал „The goodwood festival of speed“, каде сите заинтересирани ќе имаат прилика да учествуваат во аукцијата. Според првичните проценки автомобилот вреди два милиони долари, но постои можност некој да понуди и повеќе пари.

Агентот Џејмс Бонд се возеше во многу примамливи автомобили, но Aston Martin кој го вози во воведната сцена на филмот „Golden eye“, дефинитивно привлече огромно внимание.

Овој автомобил прв пат се појави во третиот дел од филмот за Џејмс Бонд од 1964 година, а потоа уште во неколку филмови од оваа франшиза, вклучувајќи го и оној дел од 2015 година „Spectre“.

Поради тоа, Aston Martin DB5 сигурно важи за најсимболичниот автомобил на агентот Бонд.

Извор: Klix.ba