Иако се очекува објавата на Redmi 9 телефонот, уредот веќе се наоѓа во понудата на еден сајт на Филипините. Благодарение на овој листинг, имаме официјални фотографии на уредот, како и спецификации и цена.

Рендерите го откриваат Redmi 9 во црна, зелена и виолетова боја. Покрај тоа, потврдено е дека телефонот ќе биде достапен 4GB + 32GB и 4GB + 64GB варијанти за RAM и простор за складирање. Кога се во прашање цените на овие модели, тие изнесуваат 140 и 150 долари.

r2_8.jpg

Од предната страна, Redmi 9 има 6.53-инчен дисплеј со засек и FHD+ Резолуција. Видливо е дека телефонот има тенки рамки околу дисплејот, како и помала долна рамка. Кога се во прашање камерите, телефонот има 13MP главен сензор, 8MP ултраширока камера, 5MP макро и 2MP сензор на длабочина. Тука е и 8MP камери од предната страна.

r3_3.jpg

Redmi 9 го покренува осмојадрен MediaTek Helio G80 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Од страна на рамките се наоѓа сензор за отпечатоци од прсти. Уредот ќе го напојува 5020mAh батерија, со поддршка за 18W брзо полнење. Според наводите на Xiaomi, големата батерија е способна да понуди 19 часа гледање видеа и 171 час репродукција на музика.